OPEL COMBO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 205, PDF Size: 4.22 MB
Page 121 of 205

Возење и ракување119
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Кога се препорачува менување
брзина за да се подобри горивната
економичност, контролната
сијаличка [ или Ò ќе светне во
Информативниот центар за
возачот 3 81.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматскиот рачен менувач
(МТА) овозможува рачно (рачен
режим) или автоматско менување
на брзините (автоматски режим), и
двете со автоматска контрола на
кумплунгот.
Екран на менувачот
Ги покажува режимот и
моменталната брзина на
менувачот.
Палење на моторот
Нагазнете ја ножната сопирачка
кога го палите моторот.
Ако не се притисне ножната
сопирачка, се појавува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачки тон 3 92 и
моторот не може да се стартува.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 85.
Кога ножната сопирачка е
нагазната, менувачот автоматски
се префрлува во N (лер) и може да
се запали моторот. Може да
настапи кратко задоцнување.
Autostop За време на Autostop, ако рачката
на менувачот е во положба N,
изберете друга брзина, инаку
отпуштете ја педалата на
сопирачката или ставете ја рачката
Page 122 of 205

120Возење и ракување
во +, – или R за да овозможите
автоматско повторно палење на моторот.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.
Рачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
Откако ќе изберете A/M, + или - и ќе
ја отпуштите рачката на
менувачот, рачката автоматски се
враќа во средишната положба.
N=Лер.o=Положба за возење.A/
M=Префрлување меѓу
автоматскиот и рачниот
режим.
Екранот на менувачот
покажува AUTO кога е во
автоматски режим.R=Рикверц.
Ставајте во рикверц само
кога возилото е во
мирување. Екранот на
менувачот покажува
„R“ кога е ставено во
рикверц.+=Менување во поголема
брзина.–=Менување во помала
брзина.
Поаѓање
При палење на моторот, нагазнете ја ножната сопирачка и поместете
ја рачката на менувачот кон + за да
се стави во прва брзина. Ставете
во поголема или помала брзина со
ставање на рачката на менувачот
во + или -.
Брзините може да се
прескокнуваат со придвижување
на рачката на менувачот повеќе
пати во кратки временски
интервали.
Возачот се предупредува за
неправилно избирање брзина со предупредувачки тон заедно со
порака на Информативниот центар за возачот 3 85 . Системот се враќа
во помала брзина, избирајќи ја
најсоодветната брзина
автоматски.
Ако се избере R, се активира
рикверц. Возилото почнува да се
движи штом ќе се отпушти ножната сопирачка. За брзо поаѓање,
отпуштете ја ножната сопирачка и
давајте гас веднаш по ставањето
во брзина.
Поместете ја рачката на менувачот
кон A/M за да вклучите автоматски
режим, менувачот автоматски
менува брзини, зависно од
условите на возењето.
Page 123 of 205

Возење и ракување121
За да го вклучите рачниот режим,
поместете ја рачката на менувачот
кон A/M. Моменталната брзина ќе
се појави на екранот на менувачот.
Застанување на возилото
Во автоматски или рачен режим,
првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото се запира. Во R,
рикверцот останува активен.
Кога застанувате на стрмнини,
затегнете ја рачната сопирачка или
притиснете ја ножната сопирачка.
За да се спречи прегревањето на
квачилото, може да се огласи
повремен предупредувачки тон
како опомена да ја притиснете
ножната сопирачка или да ја
затегнете сопирачката за
паркирање.
Изгаснете го моторот ако
застанувате за подолго, на пр. во
сообраќајни метежи.Кога возилото е паркирано и е
отворена возачката врата, се
огласува предупредувачки ѕвон
ако не е избран лер или ако не е
притисната ножната сопирачка.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
дупка. Ставајте ја рачката на
менувачот меѓу R и A/M (или меѓу
+ и -) повеќепати, истовремено
благо притискајќи ја педалата за
гас. Не турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка.
Останува најпоследно избраната
брзина (видете на екранот на
менувачот) активирана. Со N не е
ставено во ниедна брзина.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Ако палењето не е исклучено или
рачната сопирачка не е затегната,
ќе се огласи предупредувачко
ѕвоно при отворање на возачката
врата.
Page 124 of 205

122Возење и ракувањеРачен режим
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот. Ако
брзината на моторот е преголема,
менувачот се префрлува во
поголема брзина само преку
збоднувањето.
Збоднување 3 122.Електронски програми за
возењето
Еко режим E
Кога е вклучен автоматскиот
режим, Еко режимот може да се
избере за да се намали
потрошувачката на гориво.
Еко режимот ја избира
најсоодветната брзина зависно од
брзината на возилото, брзината на
моторот и интензитетот со кој се
притиска гасот.
Активирање
Притиснете го копчето E на
куќиштето на рачката на
менувачот. Контролната сијаличка E се појавува на екранот на
менувачот за да го покаже
активирањето.
Деактивирање
Еко режимот се исклучува со:
■ повторно притискање на копчето E,
■ префрлување во рачниот режим.
За да се заштити менувачот при
крајно високи температури на
квачилото, може да се огласи
испрекинат предупредувачки тон.
Во такви случаи, притиснете ја
ножната сопирачка, ставете во N и
активирајте ја сопирачката за
паркирање за да се овозможи
куплунгот да се излади.
Збоднување
Ако педалот за гас е нагазнат преку отпорната точка, зависно од
брзината на моторот менувачот се
Page 125 of 205

Возење и ракување123
префрлува во помала брзина. За
забрзување целата моќност на
моторот стои на располагање.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина,
дури во рачниот режим. Без
збоднувањето ова автоматско
менување не настанува во
механичкиот режим.
Дефект
Во случај на дефект, контролната
сијаличка Ñ се покажува на
екранот на менувачот.
Може да се продолжи со возењето,
под услов возилото да се вози
внимателно и со предвидување.
Може да се појави
предупредувачка порака на
Информативиот центар за возачот
заедно со предупредувачки тон
3 92.Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку Информативниот центар за
возачот 3 85.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Сопирачки
Системот на сопирачките се состои
од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 80.
Page 126 of 205

124Возење и ракувањеСистем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го
педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 80.Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопирачка за
паркирање
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да ракувате со копчето за ослободување, и на
надолнини или нагорнини
затегнете ја истата колку е можно
поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
Page 127 of 205

Возење и ракување125
За да се намалат работните сили
на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Ќе се огласи предупредувачки тон
ако се надмине одредена брзина
со затегната сопирачка за
паркирање.
Забелешка
Гласноста на предупредувачкиот
тон може да се прилагоди и преку
Информативниот центар за
возачот 3 85.
Контролна сијаличка R 3 80.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила насопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага да се спречи
несакано движење кога се вози по стрмнини.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Ако контролната сијаличка Z
светне додека се вози, има дефект
на Помошта при поаѓање по
нагорнини 3 81. Побарајте помош
од автомеханичар за да ви го
отстранат дефектот.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Регулаторот против пролизгување
(ASR) е компонента на
Електронската прогарма за
стабилност (ESP).
ASR ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ASR работи штом контролната
сијаличка x се изгасне.
Page 128 of 205

126Возење и ракување
Кога е активно ASR, трепка
контролната сијаличка x.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
АSR може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете го
копчето ASR OFF накратко.
Сијаличката во копчето свети и се појавува порака на
информативниот центар за
возачот.
ASR повторно се активирана со
притиснување на копчето ASR
OFF одново.
ASR исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.
Дефект
ASR се исклучува автоматски во
случај на дефект. Контролната
сијаличка x светнува во групата
инструменти заедно со порака на
Информативниот центар за
возачот 3 85.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка x 3 81.Електронска програма за
стабилност Електронската програма за
стабилност (ESP) ја подобрува стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите. Го
спречува и превртувањето на
погонските тркала.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се сопираат посебно. Тоа значително
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
ESP работи штом контролната
сијаличка x се изгасне.
Кога ќе се активира ESP, трепка
контролната сијаличка x.
Системот ESP автоматски се
активира кога возилото ќе се
запали и не може да се деактивира.
Page 129 of 205

Возење и ракување1279Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Дефект
Во случај на дефект, ESP
автоматски се исклучува и
сијаличката x свети во групата
инструменти заедно со порака на
Информативниот центар за
возачот 3 85. Сијаличката на
копчето ASR OFF исто така свети.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контролна сијаличка x 3 81.
Контрола на
патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини
приближно над 30 км/ч. Може да
дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
нагорнини или надолнини.
Не ја користите контролата на
патувањето ако не е препорачливо
да се одржи постајана брзина.
Контролна сијаличка m 3 85.
Вклучување
Свртете го крајот на рачката воположба ON; контролната
сијаличка m се пали во групата
инструменти заедно со порака на
Информативниот центар за
возачот.
Активирање
Забрзајте до саканата брзина и
притиснете ја рачката нагоре ( +),
моменталната брзина се зачувува
и одржува. Педалот за гас може да
се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
нагоре ( +) или кратко притискајте ја
Page 130 of 205

128Возење и ракување
рачката нагоре (+) повеќепати:
брзината се зголемува постојано
или во мали чекори.
Или, забрзајте до саканата брзина
и зачувајте ја со притискање на
рачката нагоре ( +).
Намалување на брзината Со активна контрола на
патувањето, притиснете ја рачката
надолу ( -) или кратко притискајте ја
рачката надолу - повеќепати,
брзината се намалува постојано или во мали чекори.
Деактивирање Автоматско деактивирање:
■ брзината на возилото е под околу
30 км/ч,
■ педалот на сопирачките е притиснат,
■ куплунгот е притиснат,
■ системот за контрола на пролизгувањето/регулаторот
против пролизгување (ASR) или
Електронската програма за
стабилност (ESP) работи.Продолжување со снимената
брзина Притиснете го копчето = при
брзини над 30 км/ч. Снимената
брзина ќе се постигне.
Исклучување Свртете го крајот на рачката во
положбата OFF; контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише. Исклучувањето
на палењето ја брише и зачуваната брзина.Системи за
приметување
предмети
Помош за паркирање
Помошта за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките, и со давање звучни
сигнали. Меѓутоа, возачот носи
целосна одговорност за маневрата
за паркирање.