OPEL COMBO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 205, PDF Size: 4.22 MB
Page 141 of 205

Нега на возилото139
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете го возилото во прва
брзина или во рикверц за да не се движи.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за заштита при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.
■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.■ Проверете го нивото намоторното масло.
■ Проверете го новито на течноста
за ладење.
■ Наместете ги регистарските таблички ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја оваа
работа само на овластен центар за
рециклирање.
Возилата на природен гас мора да ги рециклира сервисен центар
овластен за возила на природен
гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 142 of 205

140Нега на возилото9Опасност
Системот за палење користи
крајно висока волтажа. Не
допирајте го.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете ја
да падне слободно во патент
бравата. Проверете дали хаубата
е заглавена.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 174.
Page 143 of 205

Нега на возилото141
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на рачката и свртете ја за пола
вртење.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 189
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од замрзнување до околу
-28 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Page 144 of 205

142Нега на возилото
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде меѓу ознаката MIN и MAX . Дотурете
ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за серво
управување
Ако нивото на течноста во
резервоарот падне под ознаката
MIN , посоветувајте се со
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Page 145 of 205

Нега на возилото143СопирачкиШкрипењето или светнувањето на
контролниот индикатор за
изабеноста на пакните на
сопирачките F означува дека
дебелината на пакните е на
минимум.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Индикатор за изабеноста на
пакните на сопирачките F 3 80.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Кога дотурате, уверете се дека течноста е сосема чиста бидејќи
загадената течност за сопирачките може да доведе до неисправности
во системот на сопирачки. Нека Ви
ја отстрани причината на губењето
на течноста за сопирачките
автомеханичар.
Користете течност за сопирачките
само со високи перформанси
одобрена за возилото.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 174.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото за
подолго од 4 недели може да
доведе до празнење на
Page 146 of 205

144Нега на возилото
акумулаторот. Откачете го
негативниот пол од акумулаторот
на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заменување на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој пасус може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
се користи соодветен акумулатор
за замена. Препорачуваме
акумулаторот да Ви го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 113.Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волни кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 166.
Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Page 147 of 205

Нега на возилото145
Четкичка на бришач на задна
нелизгачка врата
Кренете ја четичката на бришачот,
притиснете го и држете ја спојката
и откачете ја четкичката.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришач на задна
врата
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете ги држачите за да
излезе четкичката на бришачот.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот на рачката на бришачот
и притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите
По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Page 148 of 205

146Нега на возилотоХалогенски предни
фарови
Предните фарови имаат одделни
системи за средно/странично
светло 1 (надворешна ламба),
долго светло/светло за дневно
возење 2 (внатрешна ламба).
За да пристапите до сијалиците,
извадете ги заштитните капаци.
Средно светло 1. Извадете го заштитниот капак.2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката и отстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што јазичето за
лоцирање на сијалицата ќе се
поклопува со процепот на
фарот.
5. Закачете го приклучокот за сијалицата.
6. Ставете ја спојката.
7. Монтирајте го заштитниот капак.
Долги светла
1. Извадете го заштитниот капак.2. Одвојте го приклучокот од сијалицата.
3. Одвојте ја спојката и отстранете ја сијалицата од
фарот.
4. Вметнете нова сијалица во фарот така што сијалицата ќе
се поклопува со процепот на
фарот.
Page 149 of 205

Нега на возилото147
5. Закачете ја жицата иприклучете го приклучокот на
ламбата.
6. Монтирајте го заштитниот капак.
Странично светло 1. Извадете го заштитниот капак. Повлечете ја фасонката од
фарот вртејќи го спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката, ставете нова.
3. Ставете ја фасонката во фарот.
4. Свртете надесно за да го
заглавите.
5. Монтирајте го заштитниот капак.
Светло за дневно возење 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Повлечете ја фасонката од фарот вртејќи го спротивно од
правецот на стрелките на часовникот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката, ставете нова.
4. Ставете ја фасонката во фарот.
5. Свртете надесно за да го
заглавите.
6. Монтирајте го заштитниот капак.
Преден трепкач 1. Извадете го заштитниот капак.
2. Повлечете ја фасонката од фарот вртејќи го спротивно од
правецот на стрелките на часовникот.
3. Притиснете ја сијалицата лесно
во држачот, вртете ја спротивно
од стрелките на часовникот,
извадете ја и ставете нова.
Page 150 of 205

148Нега на возилото
4.Ставете ја фасонката во фарот.
5. Свртете надесно за да го заглавите.
6. Монтирајте го заштитниот капак.
Задни светла
1. Отстранете ги трите завртки.
2. Отстранете го лежиштето на светлата од возилото.
3. Исклучете го поврзувачкиот штекер од фасонката.
4. Отшрафете ги четири шрафа што држат користејќи
шрафцигер. Свртете ја
фасонката на светлото на
рикверцот спротивно од
стрелките на часовникот и
заменете ја сијалицата.
5. Отстранете ја фасонката и изолацијата од лежиштето на
светлото.
6. Притснете ја ламбата лесно во лежиштето, свртете ја налево,
извадете ја и ставете нова
ламба.Стоп-светло ( 1)
Трепкачи ( 2)
Задно светло ( 3)
Задно светло/светло за магла
( 4 )
7. Инсталирајте изолација на фасонката осигурувајќи се декае правилно поставена.
Монтирајте го држачот на ламбата во куќиштето на фарот
внимавајќи правилно да се
заглави. Затегнете ги четири
завртки со одвртка.