OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 151 of 323

Контрола на климатизацијата149Информативниот екран во боја.
Дополнително, грејачот за
паркирање може да се вклучи или
исклучи со користење на
далечинскиот управувач.
Забелешка
Програмираното греење /
проветрување се активира само
ако палењето е исклучено и
возилото е заклучено.
Ако нивото на полнење на
високонапонската батерија е под
50%, програмираното греење /
проветрување не се активира.
Ако е програмирано повторливо
греење / проветрување и се
извршуваат две постапки за
греење / проветрување без да
работи возилото,
програмирањето се деактивира.Информативен екран во боја
Притиснете MENU за да влезете во
изборникот.
Одбирање Temperature
conditioning (Температура за
климатизација) .
Изберете греење или
проветрување.
Одредете тајмер.
Зачувајте ги поставките за
тајмерот.
Активирајте го тајмерот.
Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Отвори за проветрување вотаблата со инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата навнатре.
Page 152 of 323

150Контрола на климатизацијатаНадворешни отвори за
проветрување во таблата со
инструменти
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.
За да го затворите отворот,
свртете ги ребрата нанадвор.
Додека е вклучено ладењето,
треба да бидат отворени барем
два отвори за проветрување.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Ладење на касетата Системот за климатизација
внесува изладен воздух во
касетата преку отвор.
Поместете го лизгачот нанапред
или наназад за да го овозможите
или оневозможите ладењето на
касетата.
Page 153 of 323

Контрола на климатизацијата151Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 154 of 323

152Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..153
Контрола над возилото .........153
Управување ............................ 153
Поаѓање и ракување ................154
Разработување на новото возило .................................... 154
Положби на прекинувачот за палење .................................. 154
Копче за вклучување .............154
Палење на моторот ...............156
Исклучување на пребрзувањето .....................158
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 158
Паркирање ............................. 161
Издувни гасови од моторот .....162
Филтер за издувни гасови .....162
Катализатор ........................... 163
AdBlue ..................................... 163
Електричен автоматски
менувач ..................................... 167
Автоматски менувач ................169
Екран на менувачот ...............169Избор на степен на пренос ...169
Рачен режим .......................... 170
Електронски програми за возење ................................... 170
Дефект .................................... 171
Прекин на напојувањето .......171
Рачен менувач ......................... 172
Системи за возење ..................172
Режими на возење .................172
Погон на сите тркала .............173
Сопирачки ................................. 174
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 174
Сопирачка за паркирање ......175
Серво кочење ......................... 177
Помош при поаѓање на угорници ................................ 177
Регенеративно сопирање .....178
Системи за контрола на
возењето ................................... 178
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на
пролизгувањето ....................178
Контрола за избор на
возење ................................... 179
Спортски режим .....................181
Системи за помош на возачот 182 Контрола на патувањето .......182Ограничувач на брзината .....185
Приспособлива контрола на патувањето ........................... 188
Предупредување за преден судир ...................................... 196
Активно итно сопирање ......... 198
Предна заштита за пешаци ..202
Помош за паркирање ............203
Напредна помош за паркирање ............................. 207
Известување за странична слепа точка ........................... 212
Систем за панорамски поглед .................................... 214
Ретровизорска камера ..........218
Предупредување за напуштање лента .................219
Помош за задржување на лента ...................................... 221
Предупредување за возачот 223
Полнење ................................... 225
Полнење што се програмира 227
Состојба на полнењето .........228
Кабел за полнење ..................229
Гориво ....................................... 232
Гориво за бензински мотори . 232
Гориво за мотори на дизел ...233
Полнење гориво ..................... 234
Page 155 of 323

Возење и ракување153Кука за приколки......................236
Општи информации ...............236
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 236
Влечење на приколка ............237
Опрема за влечење ...............238
Помош за стабилноста на приколката ............................ 241Практични совети за
возење
Контрола над возилото Никогаш не оставајте го
возилото да оди на падини со
изгаснат мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Page 156 of 323

154Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на новото
возило
Не кочете непотребно силно при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
моторното масло на системот за
издувни гасови. Паркирајте го
возилото на отворено место за
извесно време по првото возење за
да не ги вдишувате пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за издувни гасови
може да се врши почесто.
Филтер за издувни гасови 3 162.
Положби на прекинувачот
за палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење: некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:вклучено палење во режим на
напојување: палењето е
вклучено, се врши
предзагревање на дизел
моторот, контролните
сијалички светат и повеќето
електрични функции работат2:стартување на моторот:
отпуштете го клучот откако
моторот ќе стартуваЗаклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да биде
внатре во возилото.
Page 157 of 323

Возење и ракување155Стартување на моторот
Притиснете ги педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Start/Stop.Палење во режим на напојување
без стартување на моторот
Притиснете Start/Stop без да
притискате на педалата за
куплунгот или за сопирачката.
Контролните сијалички светат и може да се ракува со повеќето
електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop 5 секунди
3 156. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и вклучете го палењето во режим на
напојување или директно
стартувајте го моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако електронскиот клуч не работи
или неговата батерија е слаба,
може да се прикаже порака во
Информативниот центар за
возачот.
Држете го електронскиот клуч со
копчиња надвор на ознаката на
столбот од воланот како што е
покажано на сликата.
Притиснете ги педалата за
куплунгот (рачен менувач),
педалата за сопирачките и
притиснете Start/Stop.
Page 158 of 323

156Возење и ракувањеОваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 24.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Палење на моторот
Возила со прекинувач за
палењеСвртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или
N .
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: почекајте додека
контролната сијаличка ! се
исклучи.
Кратко свртете го клучот во
положба 2 и отпуштете го откако
моторот ќе стартува.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 158.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 158.Возила со копче за вклучување
● Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
● Автоматски менувач: нагазнете ја педалата на
сопирачката и ставете ја
рачката на менувачот во P или
N .
● Не нагазнувајте го педалот за гас.
● Притиснете го копчето Start/Stop .
Page 159 of 323

Возење и ракување157●Отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето. Дизел
мотор: стартува откако
контролната сијаличка ! за
предзагревање ќе се исклучи.
● Пред повторно палење или за да го исклучите моторот кога
возилото е во мирување,
притиснете го Start/Stop уште
еднаш кратко.
За да го стартувате моторот за
време на Autostop:
● Рачен менувач: за време на Autostop, моторот може да се
запали со притискање на
педалата на куплунгот 3 158.
● Автоматски менувач: за време на Autostop, моторот може да
се запали со отпуштање на
педалата за сопирачките
3 158.Хибридни возила
● Притиснете го копчето Start/Stop .
● Притиснете ја педалата за сопирачките.● Притиснете го копчетоStart/Stop .
● Држете ја притисната педалата за сопирачките
додека активирањето на
хибридниот систем не се
потврди со вклучување на
READY во групата
инструменти и звучен сигнал.
Итно исклучување при возење Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итни случаи,
притиснете Start/Stop 5 секунди.9Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Page 160 of 323

158Возење и ракувањеИсклучување напребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.Активирање
Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето Ò
не свети. За да го активирате
системот кога е деактивиран,
притиснете Ó.
Ако системот за сопирање-
поаѓање не е достапен привремено
и се притисне копчето Ò, LED-
сијаличката во копчето трепка.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Ò. Исклучувањето е прикажано
со осветлување на сијаличката во
копчето.
Autostop
Возила со рачен менувач
Autostop може да се активира кога
возилото не се движи.