OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 181 of 323

Возење и ракување179Кога ESC и системот за контрола
на пролизгувањето работат, b
трепка.9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 106.
Деактивирање
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето може да се
деактивира секогаш кога е
потребно: притиснете a.
Светнува LED-сијаличката во копчето a.
Кога ESC и системот за контрола
на пролизгувањето ќе се
деактивираат, во Информативниот центар за возачот се појавува
порака за статус.
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето повторно се
активираат со повторно
притискање на копчето a, со
притискање на сопирачката или ако возилото се вози побрзо од
50 км/ч.
Кога ESC и системот за контрола на пролизгувањето ќе се
активираат повторно, LED-
сијаличката во копчето a се
вклучува.
ESC и системот за контрола на
пролизгувањето исто така се
активираат повторно следниот пат кога ќе се вклучи палењето.Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака. Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Контрола за избор навозењеВнимание
Возилото е направено за
возење главно по патишта, но
овозможува и повремено
возење надвор од патиштата.
Сепак, не возете на терен каде
што возилото може да се
оштети од пречки, како што се
камења, меѓу другото, и на
терен со стрмни нагиби и лош
контакт со подлогата.
Не поминувајте преку вода.
Page 182 of 323

180Возење и ракувањеВнимание
Кога возите надвор одпатиштата, нагли движења и
маневри може да предизвикаат
судир или губење на
контролата.
Контролата за избор на возење е
направена за да го оптимизира
триењето во услови на лош контакт
со подлогата (снег, кал и песок).
Се приспособува на теренот со
контрола на предните тркала и на
тој начин ја задржува тежината што вообичаено се поврзува со
поконвенционалниот погон на
четири тркала.
Контролата за избор на возење
дозволува избор од пет режими на возење:
● Режимот ESC е исклучен 9
● стандарден режим 2
● режим за снег 3
● режим за кал 4
● режим за песок 1
Со вртење на контролата може да
се активираат неколку режими.
Светнува LED-сијаличка и се
појавува порака за статус во
Информативниот центар за
возачот за да се потврди
избраниот режим.
Режимот ESC е исклучен 9
Во овој режим, ESC и Контролата на пролизгувањето се
деактивирани.
Светнува LED-сијаличката во
копчето a.
ESC и Контролата на
пролизгувањето се активираат
повторно автоматски од 50 км/ч или секогаш кога ќе се вклучи
палењето.
Стандарден режим 2
Овој режим е калибриран за ниско
ниво на вртење на тркалата, врз
основа на различни типови контакт
со подлогата што вообичаено се
среќаваат во секојдневното
возење.
Секогаш кога ќе се исклучи
палењето, системот автоматски се поставува на овој режим.
Page 183 of 323

Возење и ракување181Режим за снег 3
Овој режим се приспособува на
условите за контакт со подлогата
со кои се среќава секое тркало при тргнувањето.
Откако ќе тргнете, системот го
оптимизира вртењето на тркалата
за да гарантира најдобро
забрзување врз основа на
достапното триење. Се
препорачува во случаи на длабок
снег и стрмни наклони.
Овој режим е активен при брзини
до 50 км/ч.
Режим за кал 4
Овој режим дозволува значително
вртење на тркалата при тргнување
за тркалото со најмал контакт со подлогата. Ја отстранува калта и
повторно го воспоставува
триењето.
Истовремено, тркалото со најголем
контакт со подлогата добива
најголем можен вртежен момент.
Овој режим е активен при брзини
до 80 км/ч.Режим за песок 1
Овој режим овозможува мало
количество истовремено вртење
на тркалата на двете погонски
тркала и на тој начин овозможува
возилото на напредува и го
намалува ризикот од потонување.
Овој режим е активен при брзини
до 120 км/ч.Внимание
Не користете ги другите режими на песок затоа што возилото
може да заглави.
Спортски режим
Спортскиот режим ги прилагодува
поставките на некои системи на возилото кон поспортски стил на
возење.
Активирање
Притиснете SPORT кога работи
моторот.
LED-сијаличката во копчето
светнува кога спортскиот режим е
активиран и се појавува статусна
порака во Информативниот центар на возачот.
Page 184 of 323

182Возење и ракувањеДеактивирање
Кратко притиснете SPORT.
Спортски режим се деактивира
следниот пат кога ќе се активира
палењето.Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини над
25 милји на час. Дополнително, кај
рачен менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Контролата на патувањето може
да зачувува и одржува брзини над
40 км/ч. Дополнително, кај рачен
менувач мора да се избере
најмалку трета брзина, а на
автоматски менувач положба D
или мора да се избере втората или
повисока брзина во положба M.
Може да дојде до отстапувања од
снимените брзини кога се вози по
угорници или удолнини.
Системот ја одржува брзината на
возилото на брзината определена
од возачот без притискање на
педалата за гас.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со
силно притискање на педалата за
гас.
Статусот и претходно поставената
брзина се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот.
Не користите ја контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка m 3 109.
Page 185 of 323

Возење и ракување183Вклучување на системот
Притиснете m, симболот m заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се снима и одржува. Педалот за гас може дасе отпушти.
Потоа, претходно поставената
брзина може да се промени со
вртење на вртливото копче на
RES/+ за зголемување или на
SET/- за намалување на брзината.
Поместете го вртливото копче
неколку пати за да ја променувате
брзината во мали чекори.
Поместете го и задржете го за да ја
променувате брзината во големи
чекори.
Page 186 of 323

184Возење и ракувањеВредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на
брзина
Интелигентното приспособување
на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
брзината може да се користи како
нова вредност за контролата на
патувањето.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако контролата на патувањето е
активна, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложената брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за контролата на патувањето.
Функцијата може да се деактивира
или активира во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 119.
Надминување на поставената брзина
Брзината на возилото може да се
зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете Ñ, контролата на
патувањето е во режим на пауза и
се прикажува порака. Возилото се
вози без контрола на патувањето.Контролата на патувањето е
деактивирана, но не е исклучена.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Контролата на патувањето се
деактивира автоматски во
следниве случаи:
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Брзината на возилото е под 40 км/ч.
● Работи системот за контрола на пролизгувањето или
електронската контрола за стабилност.
● Рачката на менувачот е во N
(автоматски менувач), прва или втора брзина (рачен
менувач).
Продолжување со снимената брзина
Поместете го вртливото копче на
RES/+ при брзина над 40 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Page 187 of 323

Возење и ракување185Исклучување на системотПритиснете m и режимот за
контрола на патувањето ќе се
исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и показателот за контролата на
патувањето.
Со притискање на ß за
активирање на ограничувачот на
брзината се деактивира
контролата на патувањето.
Исклучувањето на палењето ги
откажува сите програмирани
вредности за брзина.
Дефект Во случај на дефект на контролата
на патувањето, брзината се брише и цртичките почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 30 км/ч.
Возачот може да го забрза
возилото до претходно
поставената брзина. Може да дојде
до отстапувања од ограничената
брзина само при возење надолу.
Претходно поставената брзина
може да се надмине привремено со притискање на педалата за гас до
крај.
Статусот и претходно поставеното ограничување на брзината се
прикажуваат во Информативниот
центар за возачот.Вклучување на системот
Притиснете ß, симболот ß заедно
со порака се прикажуваат во
Информативниот центар за
возачот. Системот сè уште не е
активен.
Page 188 of 323

186Возење и ракување
Активирање на
функционалноста
Поставување на брзината од
возачот
Забрзајте до саканата брзина и
поместете го вртливото копче
еднаш кратко до SET/-.
Моменталната брзина се зачувува како максимална брзина.
Претходно поставената
максимална брзина може да се постави со притискање на
вртливото копче на RES/+ за
зголемување или на SET/- за
намалување на саканата
максимална брзина. Поместете го
вртливото копче неколку пати за да
ја променувате брзината во мали
чекори. Поместете го и задржете го
за да ја променувате брзината во
големи чекори.Вредноста на брзината е наведена
во Информативниот центар за
возачот.
Притиснете Ñ за да го активирате
ограничувачот на брзината.
Преземање брзина од
препознавањето ограничување на брзина
Интелигентното приспособување на брзината го информира возачот
кога препознавањето
ограничување на брзина ќе открие
ограничување на брзината.
Откриеното ограничување на
Page 189 of 323

Возење и ракување187брзината може да се користи како
нова вредност за ограничувачот на
брзината.
Со користење на камерата во
горниот дел од шофершајбната,
овој систем го открива и го чита ограничувањето на брзината и
завршувањето на ограничувањето
на брзината.
Ако ограничувачот на брзината е
активен, препознатото
ограничување на брзината ќе се
прикаже во Информативниот
центар за возачот и ќе светне
MEM .
Притиснете MEM на воланот за да
побарате зачувување на
предложеното ограничување на
брзина.
Притиснете MEM на воланот уште
еднаш за да ја потврдите и
зачувате новата поставка за
брзината.
Оваа брзина е новата вредност за
ограничувачот на брзината.Функцијата може да се активира
или деактивира во изборникот за
приспособување кон
индивидуалните потреби 3 119.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во итен случај, ограничувањето на
брзината може да се надмине со
притискање на педалата за гас до
крај. Во овој случај, претходно
поставената вредност за брзината
трепка.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете Ñ, ограничувачот на
брзината е во режим на пауза и се
прикажува порака. Возилото се
вози без ограничувачот на
брзината.Ограничувачот на брзината е
деактивиран, но не е исклучен.
Последната зачувана брзина
останува во меморијата за да може
повторно да се активира подоцна.
Продолжување на
ограничената брзина
Притиснете Ñ и ќе се постигне
зачуваното ограничување на
брзината.
Исклучување на системот
Притиснете ß и режимот за
ограничувачот на брзината ќе се исклучи, а во Информативниот
центар за возачот ќе се исклучи и
показателот за ограничувањето на
брзината.
Со притискање на m за активирање
на контролата на патувањето се
деактивира ограничувачот на
брзината.
Претходно поставената брзина
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Page 190 of 323

188Возење и ракувањеДефект
Во случај на дефект на
ограничувачот на брзината,
брзината се брише и цртичките
почнуваат да трепкаат.
Препознавањето на ограничување
на брзина може да не работи
правилно ако сообраќајните знаци
не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци и
сигнали.
Приспособлива контролана патувањето
Приспособливата контрола на
патувањето претставува
подобрување на
конвенционалната контрола на
патувањето со дополнителна
карактеристика на одржување
одредена оддалеченост за
следење на возилата напред.
Користи радарски сензор и сензор
за камера за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола напатувањето ќе се однесува како
конвенционална контрола на
патувањето.
Приспособливата контрола на
патувањето го забавува возилото
кога се приближува кон возило што
се движи побавно. Потоа ја
приспособува брзината на
возилото да го следи возилото
напред со избраната оддалеченост за следење. Брзината на возилото
се зголемува или намалува за да го
следи возилото напред, но нема да ја надмине поставената брзина.
Може да примени ограничено
сопирање со активирани светла за
сопирачките.
Ако возилото напред забрза или ја
промени лентата,
приспособливата контрола на
патувањето постепено го забрзува
возилото за да се врати на
зачуваната поставена брзина. Ако
возачот вклучи некој од трепкачите
за да претекне побавно возило,
приспособливата контрола на
патувањето дозволува возилото
привремено да пристапи до
возилото напред за да помогне вопретекнувањето. Сепак,
поставената брзина никогаш нема
да се надмине.
Приспособливата контрола на
патувањето може да зачува брзини над 30 км/ч за рачен менувач. Ако
возилото напред се движи многу
бавно и избраната оддалеченост
за следење повеќе не може да се
одржува, се слуша
предупредувачка мелодија и се
прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Пораката го потсетува
возачот да ја преземе контролата
над возилото. Кај возила со
автоматски менувач, системот
може да го сопре возилото до
целосно запирање.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на