OPEL GRANDLAND X 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2020Pages: 323, PDF Size: 21.86 MB
Page 161 of 323

Возење и ракување159Активирајте Autostop на следниот
начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Возила со автоматски менувач
Ако возилото е во мирување со притисната педала на
сопирачките, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 12% или повеќе.Показател
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот.
● Амбиенталната температура не е прениска или превисока.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самостојно чистење на филтерот за
издувни гасови не е активна.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Забелешка
Autostop може да биде спречен
неколку часа по замена или
повторно поврзување на
акумулатор.
Page 162 of 323

160Возење и ракувањеОдредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop.
Контрола на климатизацијата
3 139.
Веднаш по возењето со голема
брзина, Autostop може да биде
попречено.
Разработување на новото возило
3 154.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот законтрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Возила со рачен менувач
Отпуштете го куплунгот без да
притиснете на сопирачката за да го рестартирате моторот.
Возила со автоматски менувач
Моторот стартува повторно во
следниве случаи:
● педалата за сопирачките се отпушти додека рачката на
менувачот е во положба D или
M
● педалата за сопирачките се отпушти или рачката на
менувачот е во положба N кога
рачката на менувачот ќе се
стави во положба D или M
● рачката на менувачот се стави во положба RПовторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба дабиде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
● системот за сопирање- поаѓање е рачно деактивиран
● безбедносниот ремен на возачот е одврзан и возачката
врата е отворена
● температурата на моторот е прениска
● наполнетоста на акумулаторот е под одредено ниво
● вакуумот за сопирачките не е доволен
● возилото се вози барем со брзина на одење
Page 163 of 323

Возење и ракување161● системот за контрола наклиматизацијата бара
стартување на моторот
● климатизацијата е вклучена рачно
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Активирајте ја сопирачката за паркирање.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P. Ако
возилото е на угорница, свртете ги предните тркала
од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P.
Свртете ги предните тркала кон работ на тротоарот.
● Затворете ги прозорците.
● Изгаснете го моторот.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● За хибридни возила, уверете се дека READY не свети во
групата инструменти.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 245.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Во земјите со екстремно ниски
температури може да биде
потребно да се паркира возилото
Page 164 of 323

162Возење и ракувањебез да се применува рачната
сопирачка. Паркирајте го возилото
на рамна површина.Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Започнувањето на заситувањето
на филтерот за издувни гасови се
покажува со привремено
светнување на % или C, заедно
со порака во Информативниот
центар за возачот.
Штом ќе дозволат сообраќајните
услови, обновете го филтерот така што ќе возите со најмалку 60 км/ч
додека контролната сијаличка не се изгасне.
Забелешка
Кај ново возило, првите
обновувања на филтерот за
издувни гасови можат да бидат
придружени со мирис на изгорено,
што е нормално. По подолга
работа на возилото при многу
мала брзина или во место, при
забрзување од ауспухот може да
излезе водена пареа. Тоа не
влијае врз однесувањето на
возилото или на околината.
Page 165 of 323

Возење и ракување163Процесот на чистење не е
можен
Ако % или C продолжи да свети
заедно со звучен сигнал и порака,
тоа покажува дека нивото на
адитив во филтерот за издувни
гасови е прениско.
Резервоарот мора да се дополни
веднаш. Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 232, 3 297 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, задржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
вбризгување издувна течност од
дизел (DEF) во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно -11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со
Page 166 of 323

164Возење и ракувањепредгрејач за AdBlue,
намалувањето на испуштањето штетни гасови функционира и при
ниски температури. Предгрејачот
за AdBlue работи автоматски.
Забелешка
Замрзнатата и повторно
втечнетата AdBlue може да се
користи без загуба на квалитетот.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 0,85 л на 1000 км, но
може да биде и поголема во
зависност од начинот на возење и
натовареноста на возилото.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Првото можно предупредување
е Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето ќе се спречи по
2400 км .Кога го палите моторот, ова
предупредување ќе се прикаже
еднаш кратко со пресметаното
растојание. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
светне и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 300 км
додека не се дополни
резервоарот со адитив.
2. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
600 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue пред да
влезете во следното ниво за
предупредување.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 30 секунди
додека не се дополни
резервоарот со адитив.
3. Во последното ниво на предупредување се влегувакога резервоарот за AdBlue е
празен. Моторот не може
повторно да се стартува. Ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дополнете адитив за
испуштањето издувни гасови:
палењето е спречено
Дополнително, контролната
сијаличка u ќе трепка и ќе се
слушне звук.
Наполнете го резервоарот до ниво од најмалку 5 л со AdBlue,
затоа што во спротивно
моторот нема да може да се
стартува.
Предупредувања за многу
издувни гасови
Во случај на дефект на системот за контрола на издувните гасови, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Ако некој дефект се открие првпат, се прикажува
Page 167 of 323

Возење и ракување165предупредувањето Дефект на
испуштањето издувни гасови .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, C
и Z и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
Ако се работи за привремен
дефект, предупредувањето
исчезнува во текот на следното патување, по самостојната
дијагностика на системот за
контрола на издувните гасови.
2. Ако системот за контрола на издувните гасови го потврди
дефектот, ќе се прикаже
следнава порака:
Дефект на издувните гасови:
палењето ќе се спречи по
1100 км .
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, C
и Z и ќе се слушне звук.
Додека возите, пораката се
прикажува на секои 30 секундидодека дефектот и понатаму е
присутен.
3. Ако се влезе во последното ниво на предупредување, ќе се
прикаже следнава порака за
предупредување:
Дефект на издувните гасови:
палењето е спречено
Дополнително, ќе се вклучат
контролните сијалички u, C
и Z и ќе се слушне звук.
Консултирајте се со
автомеханичар.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Забелешка
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л за да може да се открие новото ниво на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
Page 168 of 323

166Возење и ракување1. Непрекинато возете говозилото 10 мин. , со постојана
брзина на возилото поголема
од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане течна.
Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоашто пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Отворот за дополнување AdBlue се
наоѓа зад капачето за гориво, што
се наоѓа на десната задна страна
од возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Извадете го клучот од бравата за палење.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.
3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 234.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додекапротокот од кантата не запре.
Тоа може да потрае до
5 минути.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
Page 169 of 323

Возење и ракување1679. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се
исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Електричен
автоматски менувач
Ова возило е хибридно возило.
Има мотор со внатрешно
согорување и автоматски менувач
со вграден електричен мотор што
овозможува електрично возење и
полнење на батеријата при
забавување и сопирање на
возилото. Покрај тоа, батеријата
може да се полни со користење
кабел, на пример, преку штекери во домот или јавни станици за
полнење. Верзијата со погон на
сите тркала има втор електричен
мотор за задната оска.Избор на степени на преносP:паркирна положба, предните тркала се блокирани,
ставете во брзина само кога
возилото е во мирување и е
активирана сопирачката за
паркирањеR:рикверц, ставајте во него
само кога возилото е во
мирувањеN/P:лерD/B:автоматски режим /
автоматски режим на
возење со една педала
Page 170 of 323

168Возење и ракувањеНе давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.Префрлање во / од P
За да префрлите во P, притиснете
P на рачката од изборникот.
За да префрлите од P:
1. Притиснете ја педалата за сопирачките и притиснете го
копчето за отпуштање.
2. За да префрлите во R, турнете
го изборникот нанапред по
точката на отпор.
За да ставите во D, турнете го
изборникот наназад по точката
на отпор.
За да префрлите во N, турнете
го изборникот нанапред или
наназад без да се помине
точката на отпор.Префрлање во R 1. Притиснете ја педалата за сопирачките и притиснете го
копчето за отпуштање.
2. Префрлете во R со користење
на изборникот за степени на
пренос.Префрлање во / од B
B може да се активира само ако се
избере D.
За да префрлите во B:
1. Сменете во D.
2. Турнете го изборникот наназад без да се помине точката на
отпор.
За да префрлите од B во D, турнете
го изборникот наназад без да се
помине точката на отпор.
Возење со една педала
Кај возењето со една педала,
педалата за гас може да се користи за да се контролира забавувањето
на возилото до целосно сопирање.
Брзото отпуштање на педалата за
гас ќе предизвика агресивно
забавување. Бавното отпуштање
на педалата за гас ќе овозможи
приспособување на забавувањето
на возилото според потребите.
За да се користи возење со една
педала, префрлете во B. B може да
се избере само кога возилото е во
D . Притиснете ја педалата за гас за
да ја достигнете саканата брзина.
Забавувањето што се добива преку возењето со една педала
обезбедува целосно
регенеративно сопирање преку
полнење на високонапонската
батерија.