OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 231 of 321

Возење и ракување229Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење што е одобрена за
возилото.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите идозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Ако надворешната температура
надминува 37 °C, намалете го
оптоварувањето на приколката за
да го заштитите моторот на
возилото.
При високи надворешни
температури, се препорачува да го оставите моторот да работи една
или две минути откако ќе го
запрете возилото за да помогнете
при ладењето.Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 301.
Влечењето приколка го зголемува
растојанието на сопирање на
возилото. За да го ограничите
загревањето на сопирачките, се
препорачува да го користите
моторното сопирање.
Кога возите по нагорнина,
температурата на течноста за
ладење се зголемува. За да го намалите греењето, возете со
намалена брзина и внимавајте на
температурата на течноста за
ладење. Ако контролната
сијаличка 2 на мерачот за
температурата на течноста за
ладење на моторот се вклучи,
запрете го возилото и исклучете го
моторот што е можно побрзо.
Влечење на приколка
Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото и од моторот и не смеат да се
Page 232 of 321

230Возење и ракувањепречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до 12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 294.
Кога го распределувате товарот во
приколката, тешките предмети
треба да се постават што е можно
поблиску до оската.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната вертикална
оптовареност на влечната спојка,
особено во случај на тешкиприколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечење
Во зависност од верзијата,
возилото може да биде опремено
со топчеста влечна кука која може
да е фиксна или да се вади.
Page 233 of 321

Возење и ракување231Тип АВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Монтирање на топчестата влечна
кука
1. Свртете го приклучокот за
поврзување надолу. Извадете
го капачето.
2. Ставете ја топчестата влечна кука во отворот и притиснете
посилно додека не запре.
3. Ставете го клинот во отворот и заклучете го со соодветниот
клуч.
4. Ставете го капачето.
5. Поврзете ја приколката.
6. Поврзете го приклучокот на приколката со штекерот.
Page 234 of 321

232Возење и ракување
7. Поврзете го кабелот што госпречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање топчеста влечна
кука
1. Исклучете го приклучокот на приколката.
2. Отстранете го кабелот што го спречува откачувањето на
приколката.
3. Отстранете ја приколката.
4. Извадете го капачето.
5. Ставете го клучот во клинот за заклучување, отклучете го и
отстранете го од отворот.
Page 235 of 321

Возење и ракување2336. Преместете го 1 налево изадржете го притиснато,притиснете 2 наназад и
отстранете ја топката.
7. Свртете го приклучокот за поврзување нагоре. Ставете го
капачето.
Тип B 1. Свртете го приклучокот за поврзување надолу.
2. Поврзете ја приколката.
3. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
Тип C
1. Отстранете го безбедносниот имобилизатор.
2. Повлечете ја рачката иотворете го прстенот за
влечење.
3. Свртете го приклучокот за поврзување надолу.
4. Поврзете ја приколката, затворете го прстенот за
влечење и поставете го
имобилизаторот.
Page 236 of 321

234Возење и ракување
5. Поврзете го приклучокот одприколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
Тип D 1. Свртете го приклучокот за поврзување надолу.
2. Поврзете ја приколката.3. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила / приколка секочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 189.
Page 237 of 321

Нега на возилото235Нега на возилотоОпшти информации.................236
Додатоци и модификации на возилото ................................ 236
Чување на возилото ..............236
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......237
Прверки на возилото ...............238
Вршење работа ...................... 238
Хауба ...................................... 238
Моторно масло ......................239
Ладилник ................................ 240
Течност за миење ..................241
Сопирачки .............................. 241
Течност за сопирачките ........241
Акумулатор ............................. 242
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 244
Замена на четкичките на бришачите ............................. 245
Замена на сијалиците ..............246
Халогенски предни фарови ..246
Ксенонски предни фарови ....249
Предни фарови за магла ......250
Предни трепкачи ....................251
Задни светла .......................... 252Странични трепкачи ..............254
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 255
Светло за регистарската табличка ................................ 256
Внатрешни светла .................257
Електричен систем ..................257
Осигурувачи ........................... 257
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............258
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......258
Прирачен алат ......................... 261
Алати ...................................... 261
Тркала и гуми ........................... 263
Зимски гуми ............................ 263
Ознаки на гумите ...................264
Притисок на гумите ................ 264
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........265
Длабочина на шарата ...........267
Менување на големината на гумите и тркалата .................267
Раткапни ................................. 267
Синџири за гуми ..................... 268
Комплет за поправање гуми . 268
Менување тркала ................... 272
Резервно тркало ....................274
Палење со кабли ......................278Влечење................................... 280
Влечење на возилото ............280
Влечење друго возило ..........281
Нега за изгледот ......................282
Нега на надворешноста ........282
Нега на внатрешноста ........... 285
Патосници .............................. 286
Page 238 of 321

236Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Прекривки за заштита од студ
За да спречите наталожување снег
на вентилаторот за ладилникот, се
препорачува да ставите прекривки
за заштита од студ што можат да се
отстранат.
Заштитните капаци мора да се монтираат професионално и затоа
посоветувајте се со
автомеханичар.
Внимание
Заштитните капаци секогаш
мора да се отстрануваат кога ќе се случи нешто од следново:
● Амбиенталната температура е над 10 °C.
● Кога возилото се влече.
● Возилото се вози со брзина поголема од 120 км/ч.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
Page 239 of 321

Нега на возилото237● Дотерајте го притисокот вогумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот за тревожење при
кражба.Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 44.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Наместете ги регистарските таблички ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде
што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.
Page 240 of 321

238Нега на возилотоПрверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.