OPEL ANTARA 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ANTARA, Model: OPEL ANTARA 2015Pages: 171, PDF Size: 2.9 MB
Page 41 of 171

Навигација41НавигацијаОпшти информации...................41
Употреба ..................................... 42
Внесување дестинација ............. 55
Водење ....................................... 74
Динамично водење ....................81
Карти ........................................... 82
Преглед на симболите ............... 84Општи информации
Системот за навигација сигурно ќе
ве води до вашата дестинација без потреба од читање карти, дури и
ако немате никакво познавање за
околината.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при
пресметувањето маршрута ако се
користи динамичното водење по
маршрута. За таа цел
Инфозабавниот систем прима
сообраќајни соопштенија во
актуелната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, системот за навигација не
може да ги земе во обѕир
сообраќајните настани,
сообраќајните прописи изменети
без претходна најава и
опасностите или проблемите кои
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работи на коловозот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на системот
за навигација Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на системот за
навигација. Поминатото
растојание се одредува според
сигналот на брзиномерот на
возилото, а вртењето на свиоците
со жироскопски сензор. Положбата
се одредува со сателити GPS
(Глобален систем за
позиционирање).
Page 42 of 171

42Навигација
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти
на SD-картичката, можно е да се
одреди положбата со прецизност
од околу 10 метри.
Системот функционира и без
прием GPS, но прецизноста на
одредувањето на положбата ќе се
намали.
По внесувањето на адресата на одредиштето или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето по маршрута се
овозможува со говорни команди и
со стрелка за насока, како и со
помош на приказ на картата во
боја.
TMC систем за сообраќајни
информации и динамично
водење низ маршрутата
TMC системот за сообраќајни
информации ги прима сите
актуелни сообраќајни информацииод TMC радио станици. Ако
динамичното водење низ
маршрутата е активно, тие
информации се вклучуваат во
пресметувањето на целата
маршрута. За време на овој
процес, се планира таква
маршрута која ги избегнува
сообраќајните проблеми поврзани со претходно избраните
критериуми.
Ако има некој сообраќаен проблем
за време на активното водење низ
маршрутата, зависно од
претходната поставка се појавува
порака што се однесува до тоа
дали треба да се измени
маршрутата.
TMC сообраќајните информации
се прикажуваат на екранот на
картата како симболи или како
детален текст во изборникот
TRAFFIC MESSAGES
(СООБРАЌАЈНИ ПОРАКИ) .
За да може да се користат TMC
сообраќајните информации,
системот треба да прима TMC
станици во соодветниот регион.Динамичното водење низ
маршрутата работи само ако
сообраќајните информации се
примаат преку TMC системот за
сообраќајни информации.
Динамичното водење по маршрута може да се исклучи, видете во
поглавјето „Водење“ 3 74.
Податоци за картата Сите потребни податоци за картатасе зачувани на SD-картичката
доставена со Инфозабавниот
систем.
За детален опис за ракување и
замена на SD-картичката со карта
видете во поглавјето „Карти“
3 82
Употреба Контролни елементи и
изборници
Најважни контролни елементи и изборници за навигацискиот
систем се следниве:
Page 43 of 171

Навигација43
Копчето MAP и приказот на картата
Притиснете го копчето MAP за да
се прикаже картата на моментната
локација и маршрутата за следење
(ако е активно водењето по
маршрута).
За детален опис на информациите
што се прикажуваат на приказот на
картата, видете во „Информации
на приказот на картата“ подолу.
Копчето NAV и изборникот
NAVIGATION (НАВИГАЦИЈА)
Притиснете го копчето NAV за да
се отвори изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) .
Изборникот NAVIGATION
(НАВИГАЦИЈА) овозможува
пристап до сите системски
функции за внесување дестинација 3 55 и водење по маршрута
3 74.
Копчето TRAF и изборникот
TRAFFIC MESSAGES
(СООБРАЌАЈНИ ПОРАКИ)
Притиснете го копчето TRAF за да
се отвори изборникот TRAFFIC
MESSAGES (СООБРАЌАЈНИ
ПОРАКИ) .Изборникот TRAFFIC MESSAGES
(СООБРАЌАЈНИ ПОРАКИ) ги
прикажува сите сообраќајни
настани на мометната маршрута
(ако е активно водењето по
маршрута), и/или сите сообраќајни
настани во близина на моментната
положба на возилото, видете во
поглавјето „Водење“ 3 74.
Копчето SETUP и изборникот NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА)
Притиснете го копчето SETUP за
да се отвори изборникот SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ) . Во изборникот,
изберете ја ставката Navigation
Page 44 of 171

44Навигација
(Навигација) за да го отворите
изборникот NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА) .
Изборникот NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА)
овозможува разни поставки за прилагодување на навигацискиот
систем. За детален опис на сите
достапни поставки, видете во
„Поставување на навигацискиот
систем“ подолу.
Информации на екранот
За прикажување на картата на моментната локација: притиснете
го копчето MAP.
Водењето по маршрута не е
активно
Ако водењето по маршрута не е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
■ Во горниот ред: информации за моментно активниот извор на
звук и часовникот.
■ Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
Картата може да се прикажува во
различни погледи: потчукнете го
екранското копче Menu
(Изборник) , а потоа изберете ја
ставката Map Setup
(Поставување карта) за да го
отворите изборникот MAP
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
КАРТА) , видете во „Поставување
на приказот на картата“ подолу.
■ Моменталната положба означена со црвен триаголник.
■ Името на улица на моментната положба.
■ Точки од интерес (ТИ), на пр. бензински пумпи, паркинзи или
ресторани, означени со
соодветните симболи.
Приказот на ТИ може да се
вклучи или исклучи, видете во
„Поставување на навигацискиот
систем“ подолу.
■ Компас што покажува кон север. ■ Размерот на моментно избраната карта (за менување наразмерот: свртете го копчето за
повеќе функции).
Page 45 of 171

Навигација45
Водењето по маршрута е активно
Ако водењето по маршрута е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
■ Во горниот ред: информации за моментно активниот извор на
звук и часовникот.
■ Екранско копче Voice (Глас):
потчукнете го ова копче за да ја
повторите последната говорна
команда.
Допрете го екранското копче
Voice (Глас) неколку секунди за
да го вклучите или исклучите
говорното водење.
Ако е вклучено говорното
водење, етикетата на копчето е
прикажана со бела боја, инаку со црна.
Забелешка
Вклучувањето и исклучувањето
на говорното водење се
сигнализира со звук ако се
вклучени системските звуци 3 13.
■ Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
Картата може да се прикажува во
различни погледи: потчукнете го
екранското копче Menu
(Изборник) , а потоа изберете ја
ставката Map Setup
(Поставување карта) за да го
отворите изборникот MAP
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
КАРТА) , видете во „Поставување
на приказот на картата“ подолу.
■ Моменталната положба означена со црвен триаголник.
■ Маршрутата означена со сина линија.
■ Конечната дестинација означена
со црно шаховско знаме.■ Точка на патот (попатна дестинација) означена со црвено
шаховско знаме.
■ Точки од интерес (ТИ), на пр. бензински пумпи, паркинзи или
ресторани, означени со
соодветните симболи, видете во
поглавјето „Преглед на
симболите“ 3 84.
Приказот на ТИ може да се
вклучи или исклучи, видете во
„Поставување на приказот на
картата“ подолу.
■ Сообраќајни настани, на пр. застои во сообраќајот, означени
со соодветните симболи, видете
во поглавјето „Преглед на
симболите“ 3 84.
Сообраќајните настани се
прикажуваат на приказот на
картата само ако е вклучено
динамичното водење по
маршрута, видете во поглавјето
„Водење“ 3 74.
■ На дното од картата: името на улицата на моментната положба.
Page 46 of 171

46Навигација
■На горниот дел од картата: името
на улицата што следува по
следната крстосница.
■ Стрелка за насока и оддалеченост до следниот
маневар.
Менување на мерната едница, видете во „Поставување на
навигацискиот систем“ подолу.
■ Проценето време на пристигнување или преостанато
време за патување.
За да менувате меѓу времето на
пристигнување и преостанатото
време за патување: потчукнете
го прикажаното време.
■ Преостаната оддалеченост до конечната дестинација.
Менување на мерната едница,
видете во „Поставување на
навигацискиот систем“ подолу.
■ Симбол на компасот што покажува север.
Ако е активен режимот за
дводимензионално
прикажување на картата (видете
во „Поставување на приказот накартата“ подолу): потчукнете го
симболот на компасот за да го
смените режимот од „свртеност
кон север“ и „свртеност во насока
на возење“.
■ Размерот на моментно избраната карта (за менување наразмерот: свртете го копчето за
повеќе функции).
Ако е вклучено автоматското
зумирање (видете во
„Поставување на приказот на
картата“ подолу): размерот на
картата ќе се прилагоди
(зумирање/одзумирање) од
страна на навигацискиот систем
за да се обезбеди сигурно
водење по маршрутата.
Поместување на видливиот дел од картата
Видливиот дел од картата на
приказот на картата може да се
движи слободно во сите насоки.Активирање на режимот за
преместување
Потчукнете на картата. Се
прикажува изборникот SCROLL
MAP (ЛИСТАЈ МАПА) .
Режимот за преглед на картата
автоматски се менува во
дводимензионален режим со
северот нагоре (видете во
„Поставување на навигацискиот
систем“ подолу), ако тој режим не е веќе вклучен.
Елементите на изборникот што не
се потребни кога е вклучен
режимот за поместување се
привремено скриени.
Page 47 of 171

Навигација47
Забелешка
Кога ќе се активира режимот за
поместување, може да ги
поставите координатите GPS за
новите дестинации со
потчукнување на картата.
Детален опис 3 55.Поместување на видливиот дел од
картата
Придвижете го прстот по екранот
во саканата насока.Враќање на првобитниот преглед
на картата
За повторно прикажување на
картата на моментната локација и
за да се врати првобитниот режим
за преглед на картата (ако е
потребно): притиснете го копчето
MAP или /.
Опции за мапата
За да го отворите изборникот MAP
OPTIONS (ОПЦИИ ЗА КАРТА) :
притиснете го копчето MAP, а
потоа потчукнете на екранското
копче Menu (Изборник) .
Следните опции се достапни:
■ Store Current Position (Зачувај
моментна положба) : адресата
или координатите GPS на
моментната положба може да се
зачуваат во адресарот под
произволно име.
Изберете ја ставката за да се
прикаже изборник со тастатура
за внесување име.Внесете го саканото име за
моментната положба.
За да се прикаже тастатура за
внесување бројки и посебни
знаци: изберете го екранското
копче More (Повеќе) .
За да избришете веќе внесени
знаци: изберете го екранското копче Delete (Избриши) .
Изберете го екранското копче
OK за да ја зачувате адресата
или координатите GPS на
моментната положба со
внесеното име.
Page 48 of 171

48Навигација
Внесеното име сега може да се
најде како запис во адресарот
3 55.
■ Show Position Information
(Покажувај информации за
положбата) : ја прикажува
адресата или координатите GPS
на моментната положба.
За да ја зачувате прикажаната
адреса или координатите GPS во
адресарот, изберете го
екранското копче Save (Сочувај).
■ Show Destination Information
(Покажувај информации за
одредиштето) : ги прикажува
адресата или координатите GPS
на следната точка на патот
(попатна дестинација, ако
постои) на маршрутата, и/или
адресата или координатите GPS
на конечната дестинација.
Ако е прикажана адресата или координатите GPS на следната
точка на патот: изберете го
екранското копче Dest.
(Одредиште) за да се прикаже
адресата или координатите GPS
на конечната дестинација.Ако е прикажана адресата или
координатите GPS на конечната
дестинација: изберете го
екранското копче Waypt. (Точка
на патот) за да се прикаже
адресата или координатите GPS
на следната точка на патот (ако
постои).
За да ја зачувате прикажаната
адреса или координатите GPS во
адресарот, изберете го
екранското копче Save (Сочувај).
■ Map Setup (Поставување карта) :
го прикажува изборникот MAP
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
КАРТА) , видете подолу.
Поставување на приказот на
картата
За да го отворите изборникот MAP
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ КАРТА) :
притиснете го копчето MAP,
потчукнете го екранското копче Menu (Изборник) , а потоа изберете
ја ставката Map Setup
(Поставување карта) .
Достапни се следните поставки/
опции:
■ Map View (Преглед на карта) :
менува меѓу дводимензионален
„рамен“ ( 2D) и
тридимензионален
„перспективен“ ( 3D) преглед на
картата.
Во прегледот на картата 2D може
да менувате меѓу режимите
„свртеност кон север“ и
„свртеност во насока на возење“, видете во Map orientation
( Ориентација на картата) подолу.
Page 49 of 171

Навигација49
Во прегледот на картата 3D е
достапен само режимот
„свртеност во насока на возење“.
■ Map orientation (Ориентација на
картата) : го менува прегледот на
картата 2D меѓу режимот
„свртеност кон север“ ( north
(север) -горе) и „свртеност во
насока на возење“ ( head
(напред) -горе).
Во режимот head (напред) ,
картата се врти зависно од насоката на возењето на
возилото.
■ Auto Zoom (Автоматски зум) : ако
е поставено на On (Вкл.),
размерот на картата се
прилагодува (зумира/одзумира)
автоматски од страна на
навигацискиот систем за да се
обезбеди сигурно водење по
маршрутата.
■ Show POIs In Map (Покажувај ИТ
на картата) : ако е поставено на
On (Вкл.) , точките од интерес,на пр. бензински пумпи, паркинзи
и ресторани, се означени со
соодветен симбол на картата.
■ Map Data Information
(Информации за податоците на
картата) : ги прикажува името и
верзијата на податоците за
картата зачувани на вметнатата
SD-картичка.
Поставување на системот за навигација За да го отворите изборникот
NAVIGATION SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ НАВИГАЦИЈА) :
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете ја ставката
Navigation (Навигација) .
Достапни се следните поставки/
опции:
■ Map Setup (Поставување карта) :
го прикажува изборникот MAP
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
КАРТА) , видете во „Поставување
на приказот на картата“ погоре.
■ Voice Guidance (Наведување со
глас) : ако е поставено на On
(Вкл.) , говорните команди
(на пр. преостанатата
оддалеченост до следното
свртување, насоката на
свртување) се објавуваат за
време на водењето по маршрута.
Page 50 of 171

50Навигација
■Voice Vol. (Јачина на гласот) : ако
е вклучено говорното водење (видете погоре), сменете ја оваа
поставка за да ја прилагодите
гласноста на говорните команди. По секоја промена, се слуша
повратна информација.
■ Position Information ( Информации
за положбата) : ја прикажува
адресата или координатите GPS
на моментната положба.
За да ја зачувате прикажаната
адреса или координатите GPS во
адресарот, изберете го
екранското копче Save (Сочувај).Достапни се следните
понатамошни поставки/опции:
■ Time Display (Приказ на
времето) : менува меѓу приказот
на проценетото време за
пристигнување и проценетото
преостанато време на патување,
видете во „Информации за
приказот на картата“ погоре.
■ Distance Units (Единици за
далечина) : ја менува мерната
единица за информации за
оддалеченоста на екранот меѓу
милји и километри.
■ POI Warning (Предупредување
за ИТ) : достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) со соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Ако оваа опција е поставена на
On (Вкл.) : кога возилото ќе се
приближи до кориснички
определена ТИ, се прикажувасоодветната порака за
предупредување.
■ POI Warning Distance (Далечина
за предупредување за ИТ) :
достапно е само ако во
Инфозабавниот систем се
преземени кориснички
определени точки од интерес
(ТИ) и соодветни пораки за
предупредување, видете во
„Кориснички определени точки
од интерес“ подолу.
Со користење на оваа опција од
изборникот може да одредите на
која оддалеченост пред да се
дојде до кориснички определена
ТИ ќе се прикаже соодветната
порака за предупредување.
Изберете ја ставката за да се
прикаже список со
оддалечености за
предупредување за ТИ што може да се изберат.
Изберете ја саканата
оддалеченост за
предупредување за ТИ.