OPEL KARL 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: KARL, Model: OPEL KARL 2016Pages: 248, PDF Size: 6.05 MB
Page 151 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
150Контроли на климатизацијата
Отвори за воздух
Приспособливи отвори
за проветрување
Мора да биде отворен барем еден
отвор за проветрување додека е
вклучено ладењето за да се
спречи испарувачот да замрзне
поради недвижење на воздухот .
Насочете го протокот на воздухот
со навалување и вртење на
решетките.Ако не го сакате
протокот ,поместете ги решетките
навнатре за средишниот отвор и нанадвор за страничниот отвор.
Од отворот излегува малку воздух
во затворена положба.
{Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување.
Ризик од
оштетување и повреда во
случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Тие се фиксни и не можат да се
прилагодуваат .
Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува чист за
да се овозможи доводот на
воздухот.Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот .
Page 152 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Контроли на климатизацијата151
Филтер за полен
Филтрирање на воздухот во
кабината
Филтерот за честички го
прочистува кабинскиот воздух од
цврсти честички како полен,
прашина,саѓе од воздухот .
Филтерот треба да се заменува
како дел од рутинското планирано
одржување.
Внимание
Потребно е почесто одржување
на воздушниот филтер ако
условите на возење вклучуваат
прашливи коловози, предели со
загадување на воздухот и многу
неасфалтирани патишта. Тоа ја
намалува ефикасноста на
филтерот и потешко дишење.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси,
ладењето мора да се вклучува неколку минути еднаш месечно,
без оглед на времето и годишната
доба.
Не е возможно ракувањето
со ладењето кога надворешната
температура е прениска.
Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето се препорачува да се
проверува системот за контрола
на климатизацијата годишно.
. тестирање на
функционалноста и притисокот
. функционалноста на греењето
. проверка за протекување
. проверка на погонските
ремени
. чистење на одводот на конден-
заторот и испарувачот
. проверка на перформансите
Page 153 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
152Возење и ракување
Возење и
ракување
Практични совети за возење
Контрола над возилото . . . . . . 153
Управување . . . . . . . . . . . . . . . . . . 153
Стартување и ракување
Разработување на новото
возило . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 154
Положби на прекинувачот за палење . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 154
Стартување на моторот . . . . . 154
Режим на помошно напојување (RAP) . . . . . . . . . . 155
Функција за автоматско стартување/сопирање на
моторот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 155
Паркирање . . . . . . . . . . . . . . . . . . 158
Издувни гасови од моторот
Издувни гасови од
моторот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 159
Катализатор . . . . . . . . . . . . . . . . . 159
Рачен менувач
Рачен менувач . . . . . . . . . . . . . . . 160
Сопирачки
Сопирачки. . . . . . . . . . . . . . . . . . . 161
Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) . . . . . . . . . 161
Сопирачка за паркирање . . . . 162
Серво кочење . . . . . . . . . . . . . . . 162
Помош при поаѓање на нагорнини (HSA) . . . . . . . . . . . 163
Системи за контрола на
возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето (TCS) . . . . . 163
Електронска контрола на стабилноста (ESC) . . . . . . . . . 164
Системи за приметување
предмети
Помош за паркирање (Задна
помош за паркирање) . . . . . . 166
Системи за помош на
возачот
Системи за помош на возачот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 168
Контрола на патувањето . . . . 168
Ограничувач на брзината . . . 170
Предупредување за напуштање лента (LDW) . . . 171
Гориво
Гориво(за бензински
мотори) . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 173
Полнење гориво . . . . . . . . . . . . . 173
Потрошувачка на горивото -
Испуштање CO2 . . . . . . . . . . . 175
Page 154 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Возење и ракување153
Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време наAutostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр.серво уредот на сопир -
ачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да
се полни поради неговата
состојба, мора да се зголеми
излезната моќност на генераторот .
Ова се постигнува со засилување
на работата во празен од што
може да биде чујно.
Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници што
одговараат и се прицврстени со
држачите од страната на возачот .
Управување
Доколку се исклучи помошта за
серво управување поради
запирање на моторот или грешка
во системот,со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем или помал напор за
управување.
Контролна сијаличка
mСветло
за управување со променлив
напор 074
ii.
Внимание
Возила опремени со електрично
серво управување :
Ако воланот се сврти до крајот
на кругот и се држи во таа
положба подолго време,
помошта за серво управување
може да се намали.
Ако помошта за управување се
користи подолго време, сервото
може да се намали.
Нормалната употреба на
помошта за серво управување
треба да се врати кога ќе се
излади системот .
Page 155 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
154Возење и ракување
Стартување и
ракување
Разработување на
новото возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради испару -
вањето на восокот и маслото од
системот за издувни гасови.
Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по
првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување, потрошувачката
на гориво и моторно масло може
да бидат поголеми.
Autostop може да се попречи за
да се овозможи полнење на
акумулаторот .
Положби на прекину-
вачот за палење
Положби на прекинувачот за
палење
0:Исклучено палење
1: Бравата на воланот е ослобо-
дена, исклучено палење
2: Вклучено палење
3: Палење
Стартување на моторот
Рачен менувач: Нагазнете го
куплунгот
Автоматски менувач: Нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во Pили N.
Не нагазнувајте го педалот за гас
Свртете го клучот накратко во
положба 3и отпуштете го:
Aнласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Page 156 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Возење и ракување155
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот ,
вратете го клучот во положба 0.
За време на Autostop,моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот .
Палење на возилото при
ниски температури
Стартувањето на моторот без
дополнителни грејачи е возможно
до-25 °C кај моторите на дизел, а
до -30°C кај бензинските мотори.
Мотори на дизел. Палење на
моторот без дополнителни грејачи
е можно до -25 °С.
Бензински мотори. Палење на
моторот без дополнителни грејачи
е можно до -30 °С.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност ,правилно
гориво ,редовно вршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C,на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5минути.
Рачката на менувачот треба да е
во положба P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира постап-
ката за палење на моторот .
Возачот не мора да го држи
клучот во положбата 3.
Штом се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот .
Поради постапката за
проверување моторот прорабо-
тува по кратка пауза.
Возможни причини за непалење
на моторот:
. куплунгот не е притиснат
(рачен менувач)
. дошло до надминување на
времето
Исклучување на пребрзу-
вањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски при пребрзување, т.е.
кога возилото се вози во некоја
брзина ,но педалата за гас е
отпуштена.
Режим на помошно
напојување (RAP)
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу уште 10минути откако ќе
се исклучи палењето :
. електричните прозорци
. штекери за напојување
Напојувањето на инфозабавниот
систем ќе продолжи да
функционира уште 30минути или
додека не се отстрани клучот ,без
разлика дали некоја од вратите ќе
се отвори.
Функција за автоматско
стартување/сопирање
на моторот
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се штеди гориво. Кога
дозволуваат условите, го
исклучува моторот штом возилото
е во мала брзина или е сопрено,
на пр. на семафор или во сообра-
Page 157 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
156Возење и ракување
ќаен метеж. Го пали моторот
автоматски штом ќе се отпушти
куплунгот .Сензорот за акумула-
торот обезбедува Autostopда се
врши само ако акумулаторот е
доволно полн за повторно
палење.
Активирање
Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот ,возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање рачно со
притискање на копчето. Деакти-
вирањето се означува со гасење
на сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го
Autostop на следниов начин:
. притиснете ја педалата за
куплунг
. ставете го менувачот во лер
. отпуштете ја педалата за
куплунг
Моторот ќе се изгасне, а
палењето останува вклучено.
На Autostop укажува стрелката во
положба AUTOSTOP во
вртежомерот .
За време на Autostop,греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање
проверува дали се исполнети сите
услови.
. Cистемот за
сопирање-поаѓање не е
исклучен рачно.
. Хаубата е целосно затворена.
Page 158 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Возење и ракување157
.
Возачката врата е затворена
или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
. Акумулаторот е доволно
наполнет и е во добра
состојба.
. Моторот е загреан.
. Температурата на течноста за
ладење на моторот не е
превисока.
. Температурата на издувните
гасови од моторот не е преви-
сока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот .
. Околната температура не е
прениска.
. Изборот на одмрзнувањето не
го спречува Autostop.
. Системот за контрола на
климатизацијата дозволува
Autostop.
. Вакуумот на сопирачката е
доволен.
. Возилото е поместено од
последното Autostop. Инаку
, Autostop е попречено.
Autostop може да стане помалку
достапно ако околната темпера-
тура е околу точката на мрзнење.
Одредени поставки на системот
за контрола на климатизацијата
може да го попречат Autostop.
Видете во поглавјето за контрола
на климатизацијата за повеќе
детали.
Веднаш по возење по автопат ,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
0Разработување на новото
возило 0154ii.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот ,вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop,неколку
електрични функции, како
помошниот електричен грејач или
греењето на задното стакло се исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на климати-
зацијата се намалува за да се
заштеди енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот
.
Палењето на моторот е
прикажано од иглата на
вртежомерот во положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на кумплунгот ,
контролната сијаличка
#свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот .
Контролна сијаличка
# 0
Контролни сијалички 067ii.
Page 159 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
158Возење и ракување
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање -поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот ќе се запали повторно
автоматски од страна на системот
за сопирање-поаѓање.
. Системот за
сопирање-поаѓање е исклучен
рачно.
. Хаубата е отворена.
. Безбедносниот ремен на
возачот е одврзан и е
отворена возачката врата.
. Температурата на моторот е
прениска.
. Акумулаторот е испразнет .
. Вакуумот на сопирачката не е
доволен.
. Возилото почнува да се движи. .
Системот за контрола на
климатизацијата бара палење
на моторот .
. Климатизацијата е вклучена
рачно.
Ако хаубата не е целосно
затворена, се прикажува преду-
предувачка порака на Информа-
тивниот центар за возачот .
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан
со штекер, може да се забележи
кусо опаѓање на напонот за време
на повторното палење.
Паркирање
{Предупредување
. Не паркирајте го возилото
на лесно запалива
површина. Високата
температура на системот
на ауспухот може да ја
запали површината.
(продолжува)
Предупредување(продолжува)
. Секогаш затегнувајте ја
сопирачката за
паркирање. Активирајте ја
сопирачката за паркирање
без притискање на копчето
за отпуштање. Затегну-
вајте ја колку што може
поцврсто на надолнини
или нагорнини. Притис-
нете ја педалата на сопир-
ачката истовремено за да
се намали работната сила.
. Исклучете го моторот .
. Ако возилото е на рамна
површина или нагорнина,
ставете во прва брзина
пред да го извадите клучот
за палење. На угорници
свртете ги предните
тркала од работ на
тротоарот .
Ако возилото е на надол-
нина, ставете во рикверц
пред да го извадите клучот
(продолжува)
Page 160 of 248

OPEL Karl Owner Manual (GMK-Localizing-EU LHD-9231167) - 2016 -
CRC - 9/9/15
Возење и ракување159
Предупредување
(продолжува)
за палење. Свртете ги
предните тркала кон работ
на тротоарот .
. Затворете ги прозорците и
подвижниот покрив.
. Извадете го клучот за
палење од бравата.
Свртете го воланот додека
не почувствувате дека се
блокирал.
Кај возилата со автомати-
зиран рачен менувач
клучот може да се извади
од бравата само кога е
затегната сопирачката за
паркирање.
. Заклучете го возилото.
. Активирајте го системот за
тревожење при кражба .
. Вентилаторите за ладење
на моторот може да
работат откако ќе се
(продолжува)
Предупредување(продолжува)
исклучи моторот .Самос-
тојни сервисни проверки
0 178
ii
Внимание
Откако сте возеле со големи
брзини на моторот или под
големо оптоварување, оставете
го моторот да работи извесно
време под мало оптоварување
или во лер околу 30секунди
пред да го изгасите за да се
заштити турбополначот .
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот
{Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат
во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека
Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар .
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните матери-
јали во издувните гасови.